еМагазин
Image default
Локално

Приведен сопственик на угостителски објект, прекината семејна веселба во Добридол

Полициски службеници од Полициската станица Гостивар вчера во 17.40 часот  го лишиле од слобода М.И.(32) од гостиварското село Добридол, сопственик на угостителски објект во село Добридол, осомничен дека сторил кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“.

– По претходна пријава, полициски службеници и инспектор од Државниот пазарен инспекторат Гостивар извршиле контрола во угостителскиот објект, кој од претходно бил затворен од ДПИ – Гостивар, при што во објектот биле затекнати повеќе лица кои присуствувале на семејна веселба, соопштија денеска од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две починати лица пронајдени во нивните домови во Скопје и Битола

Редакција

50-годишна жена пронајдена почината во училиште во скопски Илинден, во кое работела

Редакција

Исчезна девојче од Скопје кое боледува од епилепсија

Редакција