еМагазин
Image default
Локално

Приведен сопственик на угостителски објект во Тетово, бидејќи работел после 21 часот

На ден 05.11.2020 година во 22.35 часот од страна на инспектори при Одделението за криминалистичка полиција Тетово, од слобода е лишен Е.И.(31) од с.Д.Палчиште, сопственик на угостителски објект во Тетово, поради основано сомнение дека сторил кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, казниво по чл.206 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

„При контрола на угостителскиот објект во сопственост на Е.И., истиот е затекнат како работи и покрај Одлуката на Владата  за работното време на угостителските објекти,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со „Голф“ влетал во објект во Стојаково

Редакција

Без бадникова литија за престојните божикни празници во Охрид

Редакција

Трагедија: Двајца млади од Кочани загинаа на автопатот Скопје-Велес

Редакција