еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Приведени 10 лица по масовна тепачка и пукотници: Еден ранет и неколкумина повредени

На 30.04.2021 полициски службеници во Полициска станица Ѓорче Петров привеле 10 лица, постапувајќи по пријава според која во 20.45 часот во с.Буковиќ настанало нарушување на јавен ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.А.(22) и С.А.(27), двајцата од с.Раовиќ, од една страна и И.П.(57) и Р.П.(30), двајцата од с.Буковиќ, од друга страна, информира МВР.

„Потоа истите отишле во Градска општа болница „8 Септември“ за санирање на повредите.

Околу 21.20 часот неколку лица од фамилијата на Ј.А. и С.А. од с.Раовиќ дошле во дворот на фамилијата на И.П. и Р.П. и испукале повеќе проектили кон Љ.П.(25), син на И.П., кој се здобил прострелна рана во ногата и е пренесен во ГОБ „8 Септември“.

Приведените лица се задржани во полициска станица и се работи на целосно расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради обилни и интензивни врнежи, можни се поплави

Редакција

Со „Фиат Пунто“ удрил во двајца пешаци во Скопје

Редакција

ЕСМ побара од Макпетрол до четврток да достави понуда за гас за цела грејна сезона

Редакција