еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Приведени полицајци кои без заштита се забавувале во Куклица

Без почитување на препораките и мерки за заштита од корона вирусот синоќа полициски службеници правеле забава во кратовското село Куклица.

Според информациите од Секторот за комуникација со јавност на Министерството за внатрешни работи, настанот се случил синоќа, околу 21 часот, кога бил пријавен во полиција.

„На втори јуни 2020 година, околу 21 часот било пријавено во Одделот за внатрешни работи Кратово дека полициски службеници прават забава во село Куклица, Кратовско, при што не се почитувани мерките за заштита од Ковид-19.

Веднаш се превземени мерки и известен е јавен обвинител, по чии насоки на лице место излегле полициски службеници.

При увидот констатирано е дека на приватен имот во село Куклица биле затекнати осум лица, од кои седум полициски службеници, кои не биле на должност и во истиот момент биле лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 206 од кривичниот законик“, информираат од МВР.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола при МВР и инспектори од соодветните организациони единици се работи на расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 439 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција

Руската државна компанија за природен гас „Газпром“ има пад на профитот од 40%

Редакција

Кобна сеча во Брајчино: Скопјанец почина при удар на дрво во глава

Редакција