Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Р.А., Р.А. и Б.А. по претходна пријава денеска претпладне од градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибраими дека бил физички нападнат од нив во неговата канцеларија во општината, информираше вечерва Министерството за внатрешни работи.
Оттаму соопштија дека е известен јавен обвинител и во координација со ОЈО Скопје по целосно документирање на настанот, против приведените лица ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело Насилство по чл.386 од Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од неколку лица физички напaднат градоначалникот на Арачиново
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.