еМагазин
ЖИВОТ

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

За да се обезбеди заштита и грижа на децата, Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која со членот 4 е предвидено отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и/или посвојување, да продолжи да тече, а со тоа и надоместокот на плата да продолжи да се исплаќа сè до истекот на траењето на времените мерки, соопшти владината прес-служба.

Ова значи дека секоја работничка на која и завршило отсуството од работа поради бременост, раѓање и/или посвојување по прогласување на вонредната состојба (18.март 2020 година) има право да продолжи да го користи отсуството од работа, а со тоа продолжува да го користи надоместокот на плата.

Отсуството може да се користи сè додека траат времените мерки и не е поврзано со вонредната состојба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најчести убоди од инсекти и како да се заштитите?

Редакција

Доктор Мехмедовиќ за СП: Индиската варијанта на коронавирусот доведува до гангрена, ампутации на стапалата и губење на слухот

Редакција

ЦУК апелира за внимателност поради врнежите од дожд и снег

Редакција