Владата денеска го претстави четвртиот пакет мерки за помош на економијата во кој е опфатена и мерката – продолжување на лиценците за работа на дискотеките, ноќните клубови како и за компаниите од транспортната заедница.
„Согласно регистрацијата за работа, на околу 120 дискотеки и ноќни клубови, како и на околу 7.000 транспортери, ќе им се продолжи лиценцата за работа и во 2021 со 0 денари надомест, со тоа што транспортерите ќе добијат ослободување плус уште за една година во зависност од тоа кога им истекува лиценцата што ја добиле“, соопшти Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите детали: Кој се ќе добие платежни картички од Владата?
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.