еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето на трето обвинетиот во случајот за убиството на Никола Саздовски

Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето против трето обвинетиот за убиството на Никола Саздовски, Јетон Љужам, кој беше во бегство, а од пред неколку месеци е екстрадиран од Германија.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска.

За убиството на дваесетгодишниот Саздовски, Кривичниот суд Скопје, во април 2019 година ги осуди Бесир Беља и Скендер Демири, на по 19 години затвор. Апелација годинава делумно ги прифати жалбите на Беља и Демири и им ги намали казните од 19 на 16 години затвор.

Според пресудата за Беља и Демири, обвинетите кои дејствувале заедно, се виновни затоа што на свиреп начин го лишиле од живот Никола Саздовски. Тие на 29 јуни 2018 година на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ му пристапиле на Саздовски и му побарале лична карта.

Откако оштетениот им ја покажал личната карта, обвинетите неочекувано започнале заедно истовремено да го удираат со боксови во пределот на главата и градите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Забраната за движење не ја почитувале 77 лица, 46 се приведени

Редакција

Во завршна фаза новиот закон за помилување, Претседателот ќе може да помилува само за казна

Редакција

Убава вест: Оздравени 565 болни од Ковид-19

Редакција