еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „организаторите на 27 април”

Во Кривичниот суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за „организаторите на 27 април”.

Судењето за овој предмет е уште во фаза на доказна постапка. На минатото рочиште беа сослушани повеќе сведоци предложени од одбраната на обвинетиот Миле Јанакиески.

Повеќето сведоци, сослушани на последното рочиште, рекоа дека иако членувале во разни вибер групи, во ниту една не било разговарано околу протестите за „За заедничка Македонија” пред Собранието, како и дека немале никаква комуникација поврзана со протестите со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на Управата за безбедност и контразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МОН ја стави во мирување вонредната настава: Во средните медицински училишта ќе се запишуваат само редовни ученици

Редакција

„Политико“: Бугарската тактика на изживување врз Македонија ефикасна за подземјето во Софија, но неприфатлива за ЕУ

Редакција

Судскиот совет ја констатираше оставката на судијата Владимир Туфегџиќ

Редакција