еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „ТНТ“: Ќе сведочи докторката на обвинетиот Трајковски

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за уривањето на комплексот „Космос“ откако минатото беше одложено поради здравствената состојба на обвинетиот Тони Трајковски.

Денеска образложение за здравствената состојба на Трајковски треба да даде докторката која дала потврда дека обвинетиот не е во состојба да ги следи рочиштата.

На минатото рочиште, адвокатот на обвинетиот Тони Трајковски, Јовица Страшевски реагираше дека неговиот клиент е под терапија и не е во состојба да учествува на судските рочишта.

– Има дијагноза од докторите, што не би сакал да ја коментирам, не е благодарно. Препорачуваат мирување и дека не може да учествува на судење 15 дена, изјави Страшевски.

Обвинителот Бурим Рустеми, поради ваквите околности побара раздвојување на постапката за Тони Трајковски, а одбраната реагираше дека не може да се води постапка против поттикнувачи со раздвојување на постапката за обвинетиот извршител на делото.

Предметот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово.

Првото рочиште за судењето за „ТНТ“ се одржа на 24.01.2018 година, но поради истекот на мандатот на еден од членовите на судечкиот совет процесот се врати од почеток.

За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Завршни зборови за случајот „Тендери“, во кој е обвинета Елизабета Канческа Милевска

Редакција

(Видео) Раководител на смена на граничниот премин Блаце земал мито, ТВ Клан објави снимка

Редакција

Секоја родилка позитивна на корона вирусот во болницата во Куманово може безбедно да се породи

Редакција