еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Продолжуваат промотивните поволности на НЛБ Банка за кредитите за физички лица

Продолжува кампањата на НЛБ Банка за кредитите за физички лица, овозможувајќи ги промотивните поволности уште цели два месеци, информираат од таму.

-Сите оние кои размислуваат за нови почетоци и сакаат да ги остварат плановите за кои долго мечтаеле, имаат единствена можност да го направат тоа до крајот на годината со кредитите на НЛБ Банка, за кои во промотивниот период се овозможени и дополнителни придобивки, велат од Банката.

Клиентите кои во периодот од 1 ноември до 31 декември ќе ја изберат НЛБ Банка за свој кредитен партнер и ќе аплицираат за потрошувачки, станбен или хипотекарен кредит имаат можност бараниот кредит да го добијат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка на имот за кредитите со обезбедување на недвижен имот, со брза и едноставна постапка за одобрување

За потсетување, потрошувачките кредити во НЛБ Банка се одобруваат само со лична карта, без дополнителна документација, со една посета на експозитура или пак со само неколку клика во апликацијата за мобилно банкарство за целосно автоматизираниот мобилен кредит, во износ до 10.000 евра.

За станбените кредити пак, НЛБ Банка нуди до 10 години фиксна каматна стапка, a на клиентите на располагање им е и широката понуда на градежни компании, соработници на Банката, со кои се обезбедени поповолни услови за кредитирање.

Повеќе детали за сите кредитни продукти и промотивни понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат на веб-страницата на Банката www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најтрофејниот македонски актер Никола Ристановски доби Гран при на фестивал во Никшиќ

Редакција

(Фото) Одлична можност за посета на бројни цркви и манастири: Планинарење по „Милениумска патека“

Редакција

Park hotel & spa трета година по ред поддржувач и партнер на најголемиот спортски настан во градот

Редакција