еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Крајно време е да се затворат границите за невакцинирани или лица без ПЦР тест

Професорот на Технички факултет во Битола, Дејан Трајковски, кој на неговиот Фејсбук-профил секојдневно прави анализи за трендот на заболени и починати од Ковид-19 во Македонија, смета дека треба да се затворат границите за влез на сите невакцинирани лица или лица без ПЦР тест.

“Кој можеше да помисли дека Македонија ќе ја надмине дури и Белгија според кумулативниот број на починати на милион жители? Италија и Словенија ги надминавме деновиве.

Како што стојат работите, само БиХ и Унгарија имаат поголеми дневни бројки од земјите што се повисоко рангирани од Македонија на светската ранг листа според кумулативен морталитет на милион жители.

Останатите (Бугарија, Црна Гора, па можеби и Чешка) најверојатно ќе ги надминеме дури сметано и со сегашните нереални 2,08 милиони жители.

Изгледа просто неверојатно, но дури ни овој кумулативен морталитет (трет највисок на светот, ако се смета со реалниот број од 1,8 милион жители и ако се исклучат градовите-држави Гибралтар и Сан Марино) не е доволен за да обезбеди доволно ниво на колективен имунитет од прележување за епидемијата спонтано да згасне.

Кога сме веќе кај овој дијаграм, гледаме колку стрмо искачува вкупниот број на починати во Бразил поради бразилскиот сој на вирусот Р.1. Воопшто не им помогнала ланската висока прележаност од поранешните соеви, а нема да ни помогне ни нам, штом дојде и тука.

Да се потсетиме, во Италија од еден единствен увезен случај бразилскиот вирус веќе се раширил на преку 10% од сите случаи.

Ако воопшто има мислечки луѓе во нашата извршна власт, крајно време е да ги затворат границите за влез на сите невакцинирани лица или лица без свеж ПЦР тест.

Откако вирусот еднаш ќе влезе, потоа ќе биде доцна, иако 5-дневен карантин би можел да го сопре ширењето, по примерот на Австралија.

Бадијала ќе бидат оправдувањата дека не верувале дека тој сој ќе биде толку опасен и т.н. Не веруваа ни дека степенот на колективен имунитет е недоволен за да го спречи ширењето на британскиот сој B.1.1.7 (кој ли ги советувал така?), па нивната грешка досега ја платиле со глава околу 1.300 лица.

Ќе настрадаат уште толку до смирувањето на пролетниот бран, не сметајќи ги неевидентираните (најмалку 30% од евидентираните), коишто ќе се појават во јулскиот и августовскиот билтен на Државниот завод за статистика“, напиша вчера тој на Фејсбук.

Фото: Трајковски/Фејбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обезбедени дополнителни средства за справување со кризна состојба во снабдувањето со струјата

Редакција

Во акцијата на МВР за заплена на дрога, уапсена и наставничка од основното училиште „Александар Македонски“ од Аеродром

Редакција

(Видео) Бугарски пратеници, министри, полициски функционери изнајмувале жиголо, некои не му платиле, па пред камера тој си ги бара парите

Редакција