еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф.Трајковски: „Можно е новиот бран да биде биде постепен, развлечен преку целата есен и зима и без голем врв“

Проф. Дејан Трајковски на Фејсбук сподели нова анализа за состојбата со Ковид-19, во која предвидува развлекување на есенскиот и зимскиот бран.

“30.09.2021. После подолго време правилен надолен тренд на дневните броеви на новодијагностицирани, денеска имавме пробивање на линијата на трендот (зелената линија на првиот дијаграм), што обично е првиот и најран знак на претстојна промена на трендот.

Се разбира, можеби се работи и за случајна варијација нагоре, но доколку утре или задутре видиме над 500 нови случаи на ден, тоа би била потврда дека се спрема реверзирање на трендот во нагорна насока.

Седумдневната подвижна средина (портокаловата линија на првиот дијаграм) денеска од надолен наклон премина во хоризонтала, што исто така може (но не мора, како што видовме пред 3 недели, кога имавме лажен сигнал) да значи дол на бранот и претстоен раст.

Ефективниот репродукциски број (Rt = 0,96 ± 0,33) започнува благо да расте и да се приближува кон единица. Повторно ништо загрижувачки, но исто така еден од првите знаци за претсоечка промена на трендот.

Наредните неколку дена ќе дадат појасна слика. Да се потсетиме дека минатата година во првите 10 дена од октомври дневните броеви започнаа да растат и веќе околу 10 октомври промената стана видлива и со голо око.

Во моментот Rt е на границата и не му треба многу за да видиме нов раст.

Бидејќи во текот на август во значителен дел од државата (западна и северозапдна Македонија) имаше големо избувнување, потенцијалот за нов раст е прилично ослабен, но не смее да се занемари.

Во светски рамки, надолниот тренд исто така покажува тенденција на слабеење и премин во рамен тренд, но за тоа би му биле потребни најмалку уште дваесетина дена.

Во балканскиот регион во тек е есенското избувнување, но тоа повеќе треба да се сфати како задоцнување зад Македонија, бидејќи ние тоа го поминавме во текот на август со свадбите.

Сега ни претстои второт дел, поради промена на сезоната и појавата на есенскиот раст на преносливоста, комбиниран со падот на ефективноста на вакцините против заразување.

Моментално просечниот временски интервал по втората доза вакцини кај нас изнесува 65 дена, па падот на ефективноста е веќе прилично забележителен.

Бидејќи продолжувањето на овој интервал доаѓа постепено, можно е новиот бран исто така да биде постепен, односно развлечен преку целата есен и зима и без голем врв.

Ќе покаже времето, но многу порелаксирано ќе влезевме во есента ако досега имавме барем 1,3 милиони вакцинирани. Тогаш, наместо за нов бран, ќе зборувавме за целосно укинување на мерките, по примерот на многу европски земји,“ пишува Трајковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Бранот е во тек во Куманово, започнува во Скопје, следно е Кавадарци, ни Гевгелија нема да биде поштедена

Проф. Трајковски: Исполнети се сите услови за нов бран

Лично искуство со „чудноќата“ на Ковид-19: Последици по прележување замор, намалена концентрација, паѓање на коса

Фото: Трајковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР склучи договор со „Еуровиа“ од Желино вреден 1,8 милион евра

Редакција

Убава вест: Оздравени 806 заболени од Ковид-19, најмногу во Скопје 247

Редакција

Нова кампања на Parfois за eсен/зима’ 18/19: Икона

Редакција