еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Професорката по македонски јазик Тримчевска избрана за најдобра на просторите на поранешна Југославија

Од 30 мај до 2 јуни во Будва, Црна Гора се одржа конференција „Светот на образованието ги брише границите“ организирана од Асоцијацијата Best Teacher-Ex Yugoslavia.

На конференцијата м-р Милка Тримчевска, професор по македонски јазик, стручен соработник-библиотекар во О.У. „Браќа Рамиз-Хамид“-Шуто Оризари, Скопје се стекна со титула најдобар наставник во земјите од поранешна Југославија.

Титулата ја доби по разгледување на апликација во која што се вреднуваше труд, ангажмани и високи успеси во постигнувањата на професионален план и афирмирањето на наставничката професија како една од најблагородните професии.

На конференцијата покрај титулата се стекна и со сертификат за активно учество на конференцијата и со посебна пофалница за придонес за афирмирање на наставничката професија преку низа активности, меѓу кои и постер презентација на „Кампањата за намалување на нередовното посетување на учениците“ реализирана од тим чиј координатор е Милка Тримчевска.

Инаку, м-р Милка Тримчевска минатата година беше прогласена за Просветен работник на годината на Град Скопје за учебната 2017/18 година од страна на Здружението на просветни работници на Град Скопје. Плакетата и признанието ги доби за постигнати високи резултати во остварувањето на целите и задачите на воспитно-образовната дејност низ тековните години во наставата и воннаставните активности.

Фото: Принскрин/University of tourism and management

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филмот „Медена земја“ беше претставен во Швајцарија, Лондон, Хонг Конг, Њујорк, Белград

Редакција

Програма „Јас, Реплек практикант“ – нова можност за зајакнување на работните вештините на младите

Редакција

Доктор Пановски со апел до граѓаните вакцинирани со една доза за влегувањето во кафани и кафулињата

Редакција