еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Прогресивниот синдикат на образование во ССМ бара линеарно зголемување на платите за најмалку 2.800 денари

Прогресивниот синдикат на образование при Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека во моментот линеарното зголемување на платите во јавниот сектор за најмалку 2.800 денари е најодржливото решение.

Бараат со Законот за наставници и стручни соработници да се регулира идното зголемување на платите во образованието, процентуално, согласно зголемувањето на минималната плата, да се реши статусот на вработените на определено време и сите идни вработувања во образованието да бидат на неопределено време.

– Доколку Сојузот на синдикати за образование, наука и култура (СОНК) го поддржи ова наше барање ние ќе се приклучиме официјално кон штрајкот, а се разбира ССМ веќе соопшти дека ги става на располагање своите капацитети во насока на спроведување на активностите кои ги преземаат синдикатите за зголемување на платите за најмалку 2.800 денари во нето износ за сите вработени, вклучително и просветните работници, се вели во денешното соопштение од Синдикатот.

Оттаму додаваат дека нивните членови сами одлучуваат дали и кога ќе го поддржат штрајкот на СОНК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се наоѓаат начини како бездомниците да добиваат повеќе храна

Редакција

Ампева: Вработените во текстилните фабрики, трговските центри, во супермаркети, градежните работници имаат право на одмор еден ден во неделата

Редакција

Од 5 април доматите 70 денари, кромидот 60, пиперот 90, лимонот 55, а бананите 70 денари

Редакција