еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд за продолжениот празничен викенд

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и пообилни, а наместа проследени со грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Попладне локално ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец.

Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 12 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени.

Слично време не очекува и во понеделник на 2 мај, кога минималната темература ќе се движи во интервал од 5 до 11 степени, а максималната од 12 до 19 степени.

Од среда, како што најавуваат од УХМР, дневната температура ќе биде во пораст.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Србија тврди дека дроновите кои летаат над касарни доаѓаат од Косово

Редакција

12 милиони евра ќе чини реконструкцијата на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје

Редакција

ЈП за државни патишта склучи договор со “2 СС“ вреден 861 илјади евра

Редакција