еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Промоција на македонските винарници во Швајцарија

Промоцијата што се одржа на 5.11.2019 во Цирих во организација на Здружението Вина од Македонија е дел од низата промотивни настани за градење препознатливост на македонските вина на интернационалните пазари.

На промотивниот настан во Цирих седум македонски винарници  (Тиквеш, Стоби, Далвина, Бовин, Камник, Попов и Езимит) заеднички  ги презентираа своите вина пред дистрибутери, увозници, претставници на угостителски објекти и други професионални купувачи на вино на швајцарскиот пазар.

При претставувањето на македонските вина посебен акцент беше ставен на сортата вранец, како најзначаен претставник на македонските вина, а беа организирани две Мастерклас дегустации за вранец, кои ги водеше реномираниот вински сомелиер и вински новинар Карстен Фус.

Овој настан е организиран со поддршка на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија и Проектот за зголемување на пазарната вработливост, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементиран од Паладиум. Покрај промотивниот настан ќе се реализираат и поинакви форми на претставување.

Во почетокот на 2020 година ќе биде објавена статија со репортажа од македонските вински региони во најпознатиот швајцарски вински магазин „Винум“.

Швајцарија се наоѓа на деветто место на листата топ 10 најголеми увозници на вино во светот и опфаќа 3,2% од вкупниот увоз на вино во светот со вредност од 1,2 милјарди американски долари.

Оттаму, се оценува дека швајцарскиот пазар има голем потенцијал за македонското вино, извозот на македонските винарници на овој пазар забележува раст од 15% во количина. Истовремено, според податоците за извоз, македонското флаширано вино на овој пазар постигнува најголема извозна просечна цена по единица производ (5 евра за 0,75л).

Овој месец следуваат промотивни настани на македоснко вино и во Азија, каде македонските винарници со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку Програмата за поддршка на руралиот развој за 2019 година ќе имаат можност да се претстават на пазарите во Сингапур и Кина.

Целта на овие промотивни настани е градење препознатливост на македонското вино и остварување контакт со потенцијални увозници и дистрибутери со цел да се зголеми извозот на македонското вино на интернационалните пазари. Токму поддршката и организацијата на овие промотивни настани даваат позитивни резултати и во делот на градење на брендот и имиџот на македонското вино.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анета од Радовиш со недобитен инстант лоз Еко скутер доби 150.000 денари бонус

Редакција

Средба со Венко Андоновски во ТРИ

Редакција

(Фото) ФК „Каменица Саса“ за секој гол ќе сади дрво, ги повика и другите клубови да се придружат во кампањата

Редакција