еМагазин
Image default
Локално

Пронајдено мртво машко тело во реката Вардар кај тетовско Радиовце

Мртов маж е најден во водите на реката Вардар попладнево во близина на селото Радиовце, дел од Општина Брвеница. Телото е забележано околу 14 часот по што е пријавено во полицијата, по што е започнат увид од институциите.

-Околу 14 часот во полициската станица Жеровјане пријавено е дека на течението на реката Вардар во близина на браната кај Радиовце е најдено безживотно тело. По пријавувањето на местото се пристигнати екипи од СВР Тетово, Основно јавно обвинителство по што е започнат увид со цел идентификување на безживотното тело и расчистување на случајот, информираат од СВР Тетово.

Од тетовската пожарна информираа дека нивните стручни лица учествувале во вадењето на телото од реката Вардар.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Тетово добива државен студентски дом за 300 студенти, еве како изгледа

Редакција

Го уапсиле откако постирал видео со заканувачка содржина

Редакција

Овчар почина од удар на гром

Редакција