еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Пронајдено тело во водите на Вардар, најверојатно станува збор за лицето што вчера скокна во реката

Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информираа дека во водите на Вардар е пронајдено тело, кое најверојатно е на лицето кое вчера се фрли во реката од мостот „Близнак“ на булевар „Србија”.

– Согласно дојавата од граѓани на 112 во ЦУК и во координација со МВР и со Брзата помош, попладнево е пронајдено лице, кое е најверојатно е она коешто си го одзеде животот вчера, фрлајќи се од мостот „Близнак“ на булевар „Србија” во реката Вардар.

Удавениот човек е лоциран на околу два километра низводно од мостот, соопштија од ЦУК..

Според Центарот, телото на давеникот е извлечено од тимот на МВР и понатаму ќе се постапува согласно процедурите за вакви случаи и дополнително ќе следи идентификација и потврда на случајот.

– За дополнителни информации или детали ќе ве известиме согласно добиените информации, додаваат од ЦУК.

Како што претходно информираа од Центарот, по направената координација со МВР, ДЗС, локалните самоуправи Гази Баба, Аеродром и Град Скопје, како и Црвениот крст, денеска со чамец се вршеше потрага низводно по течението на Вардар во ширина на пресекот на струјата на речното корито од страна на специјализираните единици на МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Канцеларија со душа: Како изгледа канцеларијата на Душан Пецовски, првиот човек на Реплек

Петре Димитров

Претепан сопственик на автоплац

Редакција

Криминалци најавуваат ликвидации на Тик Ток, прво за Оки, сега за Раде Трајковски – Штекли

Редакција