Пронајден е автомобил во Лепенец во близина на местото каде вчера попладне по сообраќајна несреќа во реката падна автомобил марка БМВ со косовски таблички.
Возилото го пронашле нуркачите од полициската специјална единица Тигри и во моментов се извлекува.
Вчера попладне во возилото БМВ со косовски таблици удрил Фолксваген туран со скопски таблички по што возилото паднало во реката Лепенец. Во него се возеле четири патници, членови на едно семејство, од кои 21-годишно момче е спасено и однесено во болницата „8 Септември“ во Скопје.
Се уште се трага по неговата мајка, татко и 16-годишниот брат. Спасувачите велат дека потрагата е отежната од временските услови и надојдената река, која со себе носи гранки и смет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Семејство од Косово исчезна во реката Лепенец, се спаси само едниот син
МИА