еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната нето плата во декември лани, 25.784 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември лани изнесувала 25.784 денари и во однос на декември 2017. е зголемена за 8,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сè, на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (28 проценти), Уметност, забава и рекреација (24,3  проценти) и Рударство и вадење на камен (20,9 проценти).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември во однос на ноември лани е зголемена  во секторите: уметност, забава и рекреација (22,1  процент), информации и комуникации (22,1  процент) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (12,3 проценти).

Бруто-платата по вработен во декември лани изнесувала 37.704 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девизните резерви на Македонија во јуни 4,3 милијарди евра, се зголемиле за 44 милиони евра

Редакција

„Тетекс“ ја зголеми добивката

Редакција

УЈП распродава запленети машини, пелени и влошки за да наплати данок

Редакција