еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Просечната нето-плата во март 31.080 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март годинава, изнесува 31.080 денари и во однос на март лани е зголемена за 10,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21,4  проценти), Уметност, забава и рекреација (20,2  проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19,5 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (16,9 проценти), Рударство и вадење на камен (13,5 проценти) и Преработувачка индустрија (7,1 процент).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството „чешла“ три фирми кои во предизборниот период отвориле портали без импресум

Редакција

Скопје ќе биде „преплавено„ со „грчки“ споменици: Следи имплементација на Договорот од Преспа

Редакција

МВР со детали за убиството во струшко: Го испразнил пиштолот во нив откако тргнале на него со секири

Редакција