еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната нето-плата во јули 36.286 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2023 година изнесува 36.286 денари, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, изнесува 114.1.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (19.5 %), Образование (17.2 %) и Јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување (16.8 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (7.9 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (5.3 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна  (4.6 %).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: УЈП распродава запленети телевизори за да наплати данок

Редакција

Поранешните министри за финансии на СЕФФ: Приоретизирање на трошењата, инвестиции во обновливи извори на енергија и во човечки капитал

Редакција

Се штеди и во време на пандемија: Народната банка регистрира пораст на депозитите во декември

Редакција