еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Просечната пензија од 17.666 денари се зголемува на 19.150 денари

Советот на социјална сигурност денеска на состанок усвои зголемување на пензиите. Просечната пензија од 17.666 денари се зголемува на 19.150 денари. Зголемувањето на мартовската пензија согласно методологијата ќе биде зголемување од 8,4 проценти, што е повеќе од очекуваното, информира денеска премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата.

Ковачевски најави дека годинава, освен ова мартовско усогласување на пензиите, ќе следи уште едно во септември усогласено согласно трошоците за живот и порастот на просечната плата. За една календарска година, како што посочи, растот на пензиите ќе биде околу 16 проценти.

-Со покачувањата на пензиите што се случија лани во март и септември, заедно со ова покачување и тоа кое следи во септември, пензиите ќе бидат поголеми за 25 проценти што никогаш досега во историјата на државата се нема случено, нагласи Ковачевски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДУИ ги утврди носителите на листите за шесте изборни единици

Редакција

Во серија инциденти: Во Загреб поради Македонија нападнати бугарски државјани

Редакција

Едно лице загина во сообраќајна несреќа помеѓу автобус на ЈСП и автомобил во Ченто

Редакција