еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Просечната плата не е доволна за минималната кошница, во мај таа изнесувала 33.315 денари

Над 33 илјади денари биле потребни на едно домаќинство во мај годинава за потребите во домот.

Синдикалната минимална кошница во мај, според податоците на Сојузот на синдикатите на Македонија, изнесува 33.315 денари, а најголем дел од средстсвата отпаѓаат на исхрана и пијалаци 42,61 отсто.

За храна и пијалаци биле потребни 14.196 денари, за домување 10.426,90 денари, хигиена 2.325,66 денари, за превоз 2.447,11 денари, облека и обувки 2.144,66 денари, култура 1.066,79 денари и 707,69 денари за одржување на здравјето.

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека просечната плата во земјава изнесува 26.422 денари и се однесува на плата исплатена во март годинава.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради корона вирусот се зголеми побарувачката на велосипеди, а со тоа скокнаа и цените

Во мај најмногу пораснала цената на овошјето

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 5 април доматите 70 денари, кромидот 60, пиперот 90, лимонот 55, а бананите 70 денари

Редакција

Граѓанин за долг од 6.000 евра, за девет години исплатил камата од повеќе од 12.000 евра

Редакција

Алармантно: Инфлацијата во октомври порасна на 19.8%

Редакција