еМагазин
Image default
Македонија

Протест на ВМРО-ДПМНЕ: Еве кои крстосници во Скопје и низ градовите ќе бидат блокирани

Денеска ВМРО-ДПМНЕ од 15 часот до 17 часот ќе протестира во 10 градови под мотото „Доста е, Излези за Македонија“, за како што велат, против новиот обид за продажба на националните и државни интереси од страна на Зоран Заев и Владо Бучковски.

Во Скопје протестот ќе се одржи на три локации: крстосница пред Градска болница, крстосница пред ТЦ Мавровка и крстосница пред НИП Нова Македонија.

Во Штип, кај кружен тек Нама, во Велес, ул. 8ми Септември, центарот на градот кај споменикот Кочо Рацин, во Кочани, ул. Раде Кратовче, веднаш до градскиот плоштад, во Прилеп, Градска кафана (зграда Општина Прилеп), булевар Гоце Делчев со улица Прилепски бранители, во Струмица, ТЦ Глобал во центарот, во Кавадарци, раскрсницата кај ООУ Гоце Делчев, во Охрид, кружниот тек кај Охридска Банка, во Битола, раскрсниците на ул. Димитар Илиевски Мурато со ул. Никола Тесла кај Гроздот и во Кичево, раскрсницата кај Атва маркет и маркет Печак на ул. Борис Кидрич.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Бараат Владата да каже за што преговара со Бугарија: Протести на ВМРО-ДПМНЕ со блокади на сообраќајот во Скопје и други градови

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемување од 5,3%: За една недела 2.232 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Редакција

Нови 378 случаи на Ковид-19 од 2.560 тестови, 58 се реинфекции

Редакција

Мицкоски: За пофалба е сечиј труд што поскоро да се дојде до вакцината за Ковид-19, но го прашувам Филипче што е договорено

Редакција