еМагазин
Image default
Македонија

Протоколите за лекување на Ковид-19 се донесени лани, а ревидирани во март, вели Филипче

Протоколите за лекување на лицата со Ковид-19 се донесени уште минатата година, а ревидирани се во март годинава, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во врска со забелешките на лекарите дека нема протокол за овој бран на Ковид-19.

-Тоа сето е согласно сите препораки за лекување на овие пациенти. Тоа е протокол кој важи на територија на цела држава, во сите болници.

Во сите болници ја има целата терапија, скапиот лек „Ремесвир“, кој што го набавивме уште за време на претходниот бран е насекаде дистрибуиран и во сите ковид центри го има. Што значи дека протоколот е унифициран, рече Филипче.

Според него, има голем број пациенти кои доцна се јавуваат на лекар.

-Има една одредена бројка на луѓе кои ги занемаруваат симптомите. Затоа апелирам сите да се јават и кај матичните лекари и во болнички установи ако забележат макар и најлесни симптоми, вели Филипче.

Во однос на бројката на починати, министерот рече дека и за време на овој бран огромен број од починатите се со хронични болести и тоа најчето на кардиоваскуларниот систем и на белите дробови.

Следната недела се очекува нова анализа од Институтот за јавно здравје и МАНУ за тоа колкумина од заболените се со делта сојот. Последната анализа, според Филипче, покажала дека две третини од заразените биле со делта сој.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Координативно тело на затворена седница расправа за помирувањето за „27 април“

Редакција

Укинат притворот за Зеќири и преквалификација на делото

Редакција

Спасовски: Безбедносната состојба на јужната граница е стабилна, нема посериозен предизвик со миграцијата

Редакција