еМагазин
Македонија

Првата доза од вакцината против Ковид-19 ја примиле 88 пратеници

Вакцинирани против Ковид-19 се 88 пратеници од Собранието и околу 200 вработени во собраниските служби, соопшти денеска претседателот на законодавниот дом Талат Џафери.

Втората доза од вакцината на „Спутник V“, пратениците треба да ја примат на 14 мај, додека службениците неколку дена претходно.

Останатите пратеници и вработени во службите во консултација со лекари дополнително ќе бидат вакцинирани.

Во соодветен термин ќе бидат и ревакцинирани и припадници на внатрешното обезбедување и вработените од СОЗР кои се распоредени на работа во зградата на Собранието.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Никој од тројцата новопочинати од корона вирусот немал контакт со потврден случај

Редакција

Реториката на историчарите од Софија ја отежнува работата на Историската комисија, смета Пендаровски

Редакција

И Михаил Трендафилов – Нанче во трката за градоначалничкото место во Охрид

Редакција