еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Првата миризлива Mastercard® дебит бесконтактна картичка на Еуростандард Банка

Глобалниот лидер за платежни решенија – Mastercard, во соработка со Еуростандард Банка, од денеска за македонските граѓани воведува нова и уникатна Mastercard дебит бесконтактна картичка со мирис на малина.

Новата миризлива картичка е првата Mastercard дебитна картичка, а воедно и прва бесконтактна картичка во портфолиото на Еуростандард Банка,  која доаѓа со бројни придобивки за клиентите.

Имено, покрај стандардните функции и поволности за бесконтактни плаќања, картичката овозможува подигнување на готовина на банкомати на сите банки во земјата без надомест, без дополнителни трошоци за годишна членарина, бесплатна промена на ПИН бројот на банкомат на Еуростандард Банка, како и бесплатно користење на услугите м-банкарство и СМС банкарство од Еуростандард Банка.

„Ми претставува особено задоволство што денес уште еднаш ја потврдуваме нашата пионерска позиција во обезбедувањето на нови и уникатни решенија за нашите клиенти. Упатувам особена благодарност до нашиот партнер Еуростандард Банка кои ги искомбинираа придобивките на бесконтактното плаќање со можностите кои ги нуди напредната производствена технологија, со што уште еднаш се потврдуваат заедничките амбиции за проширување на бенефитите за корисниците, кои светот на банкарското работење го поместуваат во една сосема нова, поразлична димензија. “ изјави Вања Манова, Регионален менаџер за Бугарија и Македонија во Mastercard.

Новата картичка  со мирис на малина е достапна за сите нови и постојни клиенти на Банката, а освен нејзината надворешна привлечност, вклучува низа функционални придобивки за нејзините корисници како: едноставни, безбедни и брзи плаќања на ПОС терминали благодарение на бесконтактната технологија; лесен пристап до средствата 24 часа на ден, 365 дена во годината, преку мрежа на банкомати во земјата и низ целиот свет; како и едноставно и безбедно управување со банкарската сметка преку опциите за електронско банкарство и мобилно банкарство на Еуростандард Банка. Новата Mastercard дебит бесконтактна картичка има соодветен дел кој при протривање, мириса на малина.

„Со воведувањето на новата Mastercard дебит бесконтактна картичка во картичното портфолио на  Еуростандард Банка, уште еднаш ги потврдуваме нашите јасни намери да им излеземе во пресрет на различните потреби на нашите клиенти, согласно последните технолошки трендови. Кон тие потреби, ние ја додадовме и уникатноста, па од сега, сите нови и постојни клиенти освен што ќе уживаат во придобивките кои им ги нуди светот на бесконтактното плаќање, ќе уживаат и во изгледот и уникатноста на нивната нова миризлива платежна картичка. Остануваме посветени на нашите клиенти и продолжуваме со реализација на активностите чии придобивки ќе ги ползуваат нашите клиенти, но и општеството во целина“, изјави Милена Спасовска, Раководител на Дирекција за дистрибутивни канали во Еуростандард Банка.

Повеќе информации за новата Mastercard дебит бесконтактна картичка и услугите на Еуростандард Банка можат да се добијат на веб страницата www.eurostandard.com.mk или пак во мрежата на експозитури ширум земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Васил Јанкула, лице со церебрална парализа со трицикл тргна во обиколка на државата

Редакција

(Фото) Учениците на ОOУ „Лазо Ангеловски“ отсега ќе имаат книжарница во рамките на училиштето

Редакција

(ГАЛЕРИЈА) Кои се нашите успешни модели и спортисти: Модата и спортот во нераскинлива симбиоза

Редакција