На 06.11.2018 година во СВР Скопје било пријавено дека околу 03.20 часот непознато лице испукало неколку куршуми кон хотел на булевар „8 септември“ во Скопје, информира МВР.
Повредени лица нема, а биле оштетени неколку прозорски стакла и дел од фасадата. Извршен бил увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.