Рускиот претседател Владимир Путин денеска соопшти дека Русија ќе прифати плаќања само во рубљи за испорака на гас за „непријателските земји“, кои ги вклучуваат сите членки на ЕУ, откако Москва беше погодена од невидени санкции поради нејзината инвазија Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Македонија е на списокот на Русија на листата на непријателски земји
– Русија отсега ќе прифаќа плаќање за извозениот природен гас во непријателските земји само во рубљи, изјави рускиот претседател Владимир Путин на денешната владина средба, која беше пренесувана во живо на телевизија.
– Одлучив да воведам сет мерки за пренос на плаќањето за нашите испораки на гас до непријателските земји во руски рубљи, рече Путин.
Тој им даде рок од една недела на Централната банка и на владата за да ја утврдат процедурата за операции за купување рубљи на домашниот пазар за увозниците.
Путин додаде дека Русија ќе продолжи да испорачува гас во согласност со обемот и принципите на цените на договорите. Ќе се промени само валутата на плаќање.
Рускиот лидер објасни дека Русија планира да се откаже од сите „компромитирани“ валути во плаќањата. Тој додаде дека нелегитимните одлуки на голем број западни земји за замрзнување на средствата на Русија ја уништиле сета доверба во нивните валути.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Вознемирувачко видео) Украина објави снимка од убиени руски „саботери“ во Киев
МИА/Фото: РТ