еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Ракометарот Денис Тот пронајден во бессознание во Градски парк, почина на КАРИЛ

Хрватскиот интернационалец Денис Тот кој играше ракомет за РК Бутел, почина денеска на КАРИЛ.

Тот бил пренесен во Клиничкиот центар во раните утрински часови, кога на Брза помош ѝ било јавено дека бил легнат пред дискотеката „Привилеџ“, помодрен во лицето.

По хоспитализацијата, лекарите цел ден се бореле за неговиот живот, но не успеале да го спасат. Според информациите во дел од медиумите, тој бил со слаба сатурација и без пулс.

„Со длабока тага и неверување ја примивме веста за смртта на нашиот Денис Тот. Хрватскиот интернационалец кој имаше 27 години ја играше првата сезона во Бутел Скопје и беше голем професионалец на ракометниот терен и надвор од него.

Го изразуваме нашето најдлабоко сочусвство до семејството и најблиските. Денис, почивај во мир, ќе те паметиме засекогаш,“ напишаа од РК Бутел на Фејсбук.

Тот беше дел и од тимот на ГРК Охрид.

Фото: Фејсбук/РК Бутел

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Може да биде спроведен во затвор: Пресудата за Груевски стана правосилна

Редакција

Скопски адвокат ја оспори одлуката за референдумот за името пред Уставниот суд

Редакција

Повеќе од половина од новозаразените со корона вирусот имале контакт со потврден случај

Редакција