еМагазин
Image default
Балкан

Рама на предизборен митинг прочита порака од Заев

Албанскиот премиер Еди Рама денеска на предизборниот митинг во градот Пустец прочита порака од премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, во која се наведува дека албанскиот и македонскиот народ се многу блиски пријатели.

Албанската агенција АТА наведува дека Рама со читање на пораката од Заев го започнал митингот.

Заев истакнува дека Северна Македонија и Албанија се два блиски партнера.

– Заедно работиме за благосостојба на нашите граѓани, наскоро ќе бидеме сојузници и во НАТО и нашата заедничка иднина се наоѓа во ЕУ. Северна Македонија и Албанија се земји на нации и народи кои се многу блиски. Македонците и Албанците живеат едни покрај други, почитувајќи се едни со други, нашите разлики и јакнејќи го нашиот просперитет, затоа што стоиме рамо до рамо во добри и лоши денови, пишува во пораката на премиерот Заев.

Тој верува дека „неговиот пријател Еди Рама е посветен на почитувањето и заштитата на културниот идентитет на Македонците во Албанија“, како што истакнува премиерот Заев дека и тој е посветен на почитувањето и заштитата на културното наследство на Албанците во Северна Македонија.

– Верувам дека Рама ќе работи со вас на подобрување на образованието, здравствените услуги, инфраструктурата и гарантирање на порастот и напредок за сите, како што тоа и јас го правам во Северна Македонија, додава Заев во пораката.

Пустец е албанска општина каде мнозинското население е од македонска националност.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот вид на коронавирус се шири во Грција, потврдени 33 нови случаи

Редакција

(Видео) Зеленски во Софија жестоко го нападна Радев, бугарскиот претседател ги избрка камерманите

Редакција

Најмладата жртва на Ковид-19 во соседството: Почина петгодишно дете во Албанија

Редакција