еМагазин
Image default
Македонија

Рамиз Мерко повторно кандидат на ДУИ за градоначалник на Струга

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска потврди дека Рамиз Мерко повторно ќе биде кандадат на ДУИ за градоначалник на Струга.

Груби изјави дека лидерот на партијата Али Ахмети одлучил на Генералниот совет на ДУИ да му предложи Рамиз Мерко да се кандидира за нов мандат на локалните избори на 17 октомври.

-Уште еднаш ќе извојуваме победа. Ова, не само благодарение на сите овие јубилеи, туку и благодарение на работата што Рамиз ја заврши заедно со тимот, заедно со сите вас кои сте тука на панелот за трансформација на Струга.

Нема патишта, нема булевари во Струга каде што не се работи. Нема проект што не се реализира. Нема проект со кој тој аплицирал до Владата да биде одбиен, рече Груби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот Мерко кривично да одговара за финансиски злоупотреби, побара Антикорупциска

„Ќе ги фарбаат на Нефи и на Мерко дивоградбите со зелена боја“: Твитер реакции за изнедувањето на ДУИ дека ќе станеле „зелена партија“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателот на МАНУ, Коцарев: Мала е веројатноста во следните 30 години да станеме членка на ЕУ

Редакција

Самоопределувањето на Македонците не може да биде од украдената бугарска историја, вели Каракачанов

Редакција

„Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“- слоганот под кој ќе се прославува Денот на независноста

Редакција