еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Раст на инвестициите, продажбата и профитот: Што предвидува бизнис планот на Алкалоид за годинава

Бизнис-планот за 2023 година на Алкалоид АД Скопје, донесен со одлука на Управниот одбор на компанијата на седницата одржана на 29.12.2022 година, предвидува инвестирање на околу 11% од консолидираните приходи од продажби во материјални и во нематеријални средства, раст од 10% на консолидираните продажби во однос на 2022 година, како и раст од 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2022 година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

-Бизнис-планот за 2023 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи, достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот.

Околностите и настаните во 2023 година, а со тоа и остварените резултати, може да варираат од прикажаните во бизнис планот.

Во изминатиот период друштвото се соочи со голем број интерни и екстерни предизвици и новонастанати ризици, генерирани од енергетската и економската криза. Презедовме голем број мерки во досегашниот период, со цел неутрализирање на сите негативни ефекти, без притоа да се загрози успешното работење на друштвото.

Во согласност со очекувањата, она што доминираше во 2022 година, а продолжува и во првиот квартал од 2023 година е забележителниот раст на цените на голем дел од влезните суровини и материјали, енергенсите, како и порастот на цените на транспортот на глобално ниво, а особено и значителните пролонгирања на роковите за испорака.

Сето ова влијае и на стапката на инфлацијата што веројатно како тренд ќе биде уште понагласен во периодот што следи. Како најголем предизвик и прв приоритет за периодот што доаѓа и понатаму останува грижата за здравјето на вработените, како и одржувањето на тековната ликвидност, на финансиската стабилност и остварување на планските цели, велат од компанијата за очекувањата за престојниот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алкалоид во првиот квартал инвестирал 346,5 милиони денари и има 47 нови вработувања

Алкалоид во првиот квартал со раст на добивката за 22% и на приходите за 20%

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ во вторник ќе предложи Резолуција за Илинден во македонското Собрание

Редакција

СДСМ го задржува бројот на министри, имаме поголемо парламентарно мнозинство, велат од партијата

Редакција

Од утре постудено: Наутро со температури во минус и магла

Редакција