еМагазин
Бизнис

Раст на извозот, пад на увозот

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари-јуни годинава, изнесува 4.251.741 илјади евра и бележи пораст од 3.8% во однос на истиот период лани.

Вредноста на увeзената стока, пак, во првото полугодие е 5.537.740 илјади евра, што е за 7.4% помалку во споредба со претходната година.

Трговскиот дефицит изнесува 1.285.999 илјади евра, соопшти Државниот завод за статистика.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, електричната енергија и плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и благородни метали во колоидна состојба, соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тендер „тежок“ 15 милиони евра: Кои се деветте компании кои ќе ги поправаат државните патишта?

Редакција

Анѓушев: Бараме учество во нуклеарната централа Белене, рано е да се зборува за проценти

Редакција

И покрај убавото време, Охрид се празни

Редакција