еМагазин
Image default
Бизнис

Раст на потрошувачките и станбените, пад на автомобилските кредити

Во јуни, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките кредити и станбените кредити, како најзастапени категории, забележаа раст од 1,1% и 1,4%, на месечно ниво, и 10,0% и 13,8%, на годишно ниво, соодветно, соопшти Народната банка.

„Автомобилските кредити и натаму бележат месечен и годишен пад од 1,3% и 8,6%, соодветно.

Кредитите одобрени на кредитни картички и негативните салда на тековните сметки на месечно ниво се зголемени за 0,2% и 1,3%, соодветно, додека на годишна основа остварија пад од 4,2% и 9,4%, соодветно.

Кредитите одобрени врз други основи, овој месец, бележат месечен и годишен пад од 0,2% и 6,4%, соодветно“, информираат од банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ангеловска-Бежоска: Во нашиот регион, учеството на најбогатите 10% во вкупниот доход е околу 29%

Редакција

Фабрика Карпош со добивка во првите девет месеци

Редакција

Министерството за одбрана на привремени вработувања ќе потроши 195.000 евра

Редакција