еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поради случајот со родилката од Дебар, разрешен Мухамед Асани, директорот на струшката болница

Донесена е одлуката да се разреши директорот на струшката болница и во текот на денешниот или на утрешниот ден ќе биде назначен нов директор. Во тек се сите други постапки во однос на активностите и на другите институции коишто беа вклучени во овој случај, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, информирајќи за случајот во струшката болница со родилката од Дебар.

Имено, Филипче покрај одлуката за разрешување на Мухамед Асани, посочи дека донел и одлука да се формира нова комисијата за случајот со родилката од Дебар, на која, како што изјави таа, по породувањето и биле извадени три здрави органи.

– Вчера донесов одлука за формирање на нова комисија. Тоа е законска можност којашто ја има Министерството за здравство.

Онаа првата Комисија исто така беше формирана на барање на Министерството за здравство, но тогаш преку Лекарската комора, но со оглед на неколку интервенции и барања коишто ги имаше прво од семејството на родилката, понатаму од неколку институции, како на пример Хелсиншкиот комитет за човекови права, донесов одлука да се формира уште една комисија, која што ќе ја водат директорите на Клиниките на урологија, КАРИЛ, гинекологија, директорката на Државниот санитарен здравствен инспекторат и коишто ќе треба да направат анализа на случајот, наведе Филипче.

Случајот со родилката од Дебар ја разбранува јавноста, откако таа сведочеше дека и извадиле три здрави органи.

МИА/Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) ВМРО-ДПМНЕ одржа протест во Скопје: Со факели и тоалетна хартија се бара оставка на Заев

Редакција

Министерството за труд и социјална политика склучи договор со “Урбан план конструктион УПЦ“ вреден 798,4 илијади евра

Редакција

(Видео) Тензии во бугарскиот Парламент по приведувањето на Бојко Борисов

Редакција