еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Развојна банка објави јавен повик за радијата и телевизиите за кредити без камата

Развојна банка, денес објави јавен повик за кредитната линија за бескаматни кредити за трговски радиодифузни друштва за директно кредитирање со каматна стапка од 0% доколку бележат пад на приходите или негативен финансиски резултат во 2020 година.

Вкупниот расположлив фонд за оваа кредитна линија изнесува 1 милион евра.

Поднесувањето на кредитни барања ќе започне од 08 јули 2021 година, од 09:00 часот, и ќе се одвива електронски, на е-маил адреса дадена во јавниот повик.

Поднесувањето на кредитните барања е предвидено да трае 30 дена.

„Трговските радиодифузни друштва ќе може да користат бескаматен кредит со грејс- период до 12 месеци и рок на отплата до 48 месеци, за тековни средства и ликвидност.

Максималниот износ на кредитот за субјектите со шифра на дејност 60.20 е утврден во зависност од типот на медиуми согласно регистарот на АВМУ, и изнесува 7.380.000 денари за национални медиуми, 1.230.000 денари за регионални медиуми и 615.000 денари за локални медиуми.

Максималниот износ на кредитот за субјектите со шифра на дејност 60.10 изнесува 615.000 денари,“ се вели во соопштението од Развојна банка

Потенцијалните корисници на кредит од оваа кредитна линија, треба да имаат главница и резерви не помалку од 50% од износот на бараниот кредит, како и степен на финансиска задолженост помал од четири.

Прнципот за одлучување за распределба на расположливиот фонд средства ќе биде „прв дојден, прв услужен”.

Со објава на јавниот повик се започнува реализацијата на мерка број шест од шестиот пакет економски мерки кој го донесе Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Работниците кои ќе останат без работа ќе добиваат надомест од државата согласно нивниот стаж

Редакција

„Реално ли е зголемувањето на цените во маркетите?“: Инспекциите ќе излезат на терен

Редакција

Публикација на ССНМ: Новинарите се во лоша социо-економска положба, потребно е подобрување на работничките права

Редакција