еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Редовните прегледи значат живот: Со магнетна резонанца се откриваат проблеми на срцето

Магнетна резонанца (МР) на срце е неинвазивна дијагностичка метода која користи магнетно поле и радиофрекфентни бранови за да создаде детална слика на срцето, крвните садови и околните органи.  

За што може да се користи магнетна резонанца на срце?

-Да се провери дали има оштетување на ткивото од миокарден инфаркт, колкаво е тоа оштетување и дали е трајно (вијабилитет на миокард)?

-Прецизна проценка на срцева слабост, потенцијални причини за срцевата слабост

-Евалуација и дијагностика на кардиомиопатии (дилатативна, хипертофична, рестриктивна амилодоза)

-Дијагностика на миокардитис (инфламација на срцевиот мускул)

-Валвуларни маани

-Проценка на перикардот (обвивката околу срцето)

-Проценка на конгенитални срцеви аномалии

МР на срце е безбедна и безболна дијагностичка процедура. Луѓе со било какви уреди со метали во и на телото не би требало да се снимаат без потврда дека уредот е безбеден за МР тестирање (MRI safe).

Такви уреди ги вклучуваат следните:

-Електростимулатори на срцето (пејсмејкери), имплантирани кардиодефибрилатори (ICD) и уреди за ресинхронизациона терапија (CRT)

-Импланти во внатрешно уво

-Имплантирани инфузиски пумпи, неуро-мускулни стимулатори, интраутерини уреди за контрацепција

-Клипси за мозочни аневризми

-Некои дентални импланти

-Било какви метални делови во телото

Пред прегледот треба да се пријави доколку пациентот е во тек на бременост, има тетоважи, има стент, валвуларна протеза или хирургија на срцето или бубрежна болест.

Што се случува за време на прегледот?

-Прегледот обично трае 30-60 минути

-Пациентот лежи на комфорна движечка маса со слушалки преку кои се слушаат упатствата на технологот

-Потребна е соработка на пациентот во однос на земање воздух, издишување и задржување на здивот во тек на неколку секунди

-За цело време се следи ЕКГ, кислородна сатурација а пациентот може слободно да зборува со технологот додека трае прегледот

-Доколку е потребна апликација на контраст, пред прегледот се планира интравенска канила во раката

По прегледот возможно е веднаш враќање на нормалните активности. Нема никави ограничување со оглед на тоа што нема јонизирачко зрачење. Резултатите од прегледот вообичаено се добиваат по 2-3 работни дена.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

37% од децата во Македонија не се чувствуваат безбедно во училиште, 24% се жртви на физичко насилство

Редакција

(ВИДЕО) Заев: Нема одлагање на изборите, на 3 јануари ќе дадам оставка

Редакција

Во фаза на регистрација трет бугарски клуб со контроверзно историско име, “Цар Фердинанд”

Редакција