Владата го објави предлог-буџетот за 2019 година во кој се предвидува расходите за исплата на плати во администрацијата да изнесуваат 28,4 милијарди денари или околу 461 милиони евра што е зголемување за 1,5 милијарди денари (24 милиони евра) или за 5,7 отсто повеќе во однос на 2018 година период во кој за оваа намена се одвоени 26,8 мијарди денари или 436 милиони евра.
„Во рамки на овие средства предвидено е покачување на платите за 5 % за вработените во буџетските корисници во последниот квартал од годината, односно почнувајќи со исплатата на септемвриската плата во 2019 година. Ваквото зголемување се предлага со цел подобрување на стандардот на живот на вработените и зголемување на мотивот за професионално, квалитетно и
целосно исполнување на работните задачи, особено во фаза на спроведувањето на преговорите околу интеграцијатаво ЕУ и НАТО“, пишува во предлог-буџетот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детален преглед: Како Владата ќе го полни и празни буџетот за 2019 година
Доминација на државните институции во огласите за вработување