Консолидираната оперативна добивка на Групацијата Реплек за периодот од 1 јануари 2023 година до 31 март 2023 година изнесува 24.315 илјади денари, соопштија од таму преку Македонската берза.
-Оперативните приходи изнесуваат 316.217 илјади денари и се намалени за 14% главно заради прекинување со вршење дејност во Реплек Маркет, додека оперативните расходи изнесуваат 288.262 илјади денари и бележат намалување од 1% во однос на истиот период претходната година.
Консолидираните приходи од продажба се намалени за 14% во однос на истиот период минатата година.
Приходите на продажба на сегмент фармација бележат намалување за 9% во однос на минатата година, приходите од продажба на странски пазар се намалени за само 1%, приходите од продажба на домашен пазар на сегмент фармација се намалени за 38% во однос на истиот период минатата година, приходите на продажба кај трговија на разни стоки и угостителски услуги обавувани преку Реплек Маркет се намалени за 71% во однос на минатата година заради прекинување на угостителски услуги во мај 2022 година и дејноста трговија на разни стоки во јануари 2023 година.
Консолидираната добивка пред оданочување изнесува 21.545 илјади денари и бележи намалување од 63% во однос на истиот период минатата година, поради намалени приходи од продажба, додека кај консолидираните оперативни расходи се забележува зголемен трошок за трошок за вработени како и за електрична енергија, велат од таму.
Реплек АД Скопје (Веледрогерија) во периодот од 1 јануари 2023 година до 31 март 2023 година оствари неконсолидирана добивка пред оданочување во износ од 81.547 илјади денари и бележи намалување од 1% во однос на истиот период минатата година.
-Остварената добивка пред оданочување во најголем дел произлегува од евидентираните приходи од вложувања во поврзаните субјекти во износ од 60.467 илјади денари што претставува дел од остварениот резултат на поврзаните субјекти во 2022 година (претходната година е извршена распределба на дивиденди од поврзаните субјекти на износ од 80.315 илјади денари од остварениот резултат во 2021 година), велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Коста Котески купи, Славица Туџарова-Трајковска продаде акции на Реплек
Унгарија е новиот пазар на Реплек – продолжува зајакнувањето на извозните позиции на пазарот на ЕУ