еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Ресторанот „Four“ преку хуманитарна акција обезбеди прибор за деца

Десет лаптопи и 35 ученички прибори (ранци, тетратки, блокови, боици, моливи) ќе бидат донирани на оние кои им е најпотребно во рамките на хуманитарната акција „Среќна Школска Година“.

Ресторанот „Four“ донира процент од профитот остварен во период од 23-ти до 30-ти јуни, а во соработка со „Проектот среќа“ како што и ветија обезбедија прибор за децата со социјален ризик.

По повод отворањето на градината на ресторанот „Four“, кои  со „Проектот Среќа“ најавија дека секоја година ја организираат оваа хумана акција беа поканети многу музички имиња меѓу кои Павле Камилоски, Сара Мејс, Лео Ајдари и Антонија Гиговска.

 Голема благодарност до сите гости, соработници, партнери и вработени, кои не само сега туку и во изминатите пет години ни дадоа поддршка и лојалност, а тие за нас и во иднина ќе се нашиот приоритет.

Со хуманитарната акција по повод отворање на градината на ресторанот „Four” ја продолжуваме мисијата како групација и како семејство Малиќи кон поддршка на општеството и маргинализираните групи. Особено ми е драго што собраните средства ќе одат за најмалите, оние кои се со најголем социјален ризик.

Секое дете заслужува среќно детство и треба да има еднаков пристап до образование, истакна Алтин Малиќи, еден од сопствениците на Паркленд Хоспиталити Груп.

Покрај убавата музика сите гости имаат уникатно гастрономско доживување од готвачот Елефтериос Далагиоргис, а дружбите во амбиентот на новата градина придонесоа кон успешноста на оваа хуманитарна акција.

 Благодарност до ресторанот „Four“ што беа организатори на оваа хумана акција, како и гостите, а донираната  училишна опрема и уреди за следење настава за децата во социјален ризик, за кои веќе со години се грижиме, ќе ни помогнат да усреќиме што повеќе деца и оваа година, истакна Кристина Арнаудова од „Проектот среќа“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Награда од Обединетите Нации: Пивара Скопје – лидер во постигнување на целите на одржлив развој

Редакција

(Фото) Државна лотарија го додели вториот автомобил од инстант лозот 7х7

Редакција

Ротаријанците со 1,4 милиони денари лични донации за поддршка на јавното здравство

Редакција