еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани 47% од полнолетните граѓани, 54.170 примиле трета доза

Во петокот и саботата аплицирани се вкупно 4.684 дози вакцини, од кои 1.133 се аплицирани како прва доза, 916 се ревакцинирани, а 2.635 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.

-Заклучно со 13 ноември вкупно се вакцинирани 813.782 граѓани, ревакцинирани се 784.833, а трета доза примиле 54.170 граѓани, велат од Министерството.

Педесет и шест отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст, како што се посочува во соопштението, се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

-Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 58 отсто, а со две дози опфатени се 47 отсто од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поднесено обвинение за случајот „Феникс“, кој се однесува на спомениците од Скопје 2014

Редакција

Имавме два избора или да се ограничиме или да се затвориме за Бајрам и Велигден, вели заменик-министерот за здравство Хасани

Редакција

„Францускиот предлог“ уште не стигнал во МНР, тврди Османи, Милошоски не му верува

Редакција