еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани вкупно 760.317, трета доза примиле 1.148 граѓани

Во петокот и во саботата аплицирани се вкупно 3.250 дози вакцини, од кои 884 се аплицирани како прва доза, 2.257 се ревакцинирани, а 109 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.

Заклучно со 16 октомври вкупно се вакцинирани 799.012 граѓани, ревакцинирани се 760.317, а трета доза примиле 1.148 граѓани.

-Педесет и четири отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, соопшти Министерството.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 отсто , а со две дози опфатени се 45 отсто од граѓаните над 18 години.

-Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.254 случаи на Ковид-19 од 5.082 тестирања, 169 се реинфекции

Редакција

На 1 септември учениците ќе добијат учебници, освен оние за шесто одделение, тврдат од МОН

Редакција

Османи по средбата со бугарскиот колега Стоев најави интензивни контакти до клучните состаноци на ЕУ во декември

Редакција