еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Режисерот Јани Бојаџи нов директор на ТВ Алфа, доаѓа на местото на Васко Ефтов

Телевизијата Алфа денеска преку соопштение информираше дека телевизијата ќе ја води нов директор. На местото на новинарот Васко Ефтов, доаѓа режисерот и продуцент Јани Бојаџи.

„Ве известуваме дека АЛФА СКОП. ДОО Скопје како сопственик и носител на лиценцата на АЛФА ТВ ДООЕЛ Скопје, анализирајќи ја досегашната работа на телевизијата во сите нејзини аспекти одлучи да работи на понатамошно подобрување на содржината и влијанието во јавноста на истата.

Изминатиот период беше успешен и сме задоволни од досегашната работа, сепак гледаме голем простор во македонскиот етер каде дополнително може да се развиваме и истиот да го освојуваме.

Би сакале да ја информираме јавноста дека на Васков Ефтов му истече едногодишниот менаџерски договор. Би сакале да му се заблагодариме за досегашната соработка како и напорите кои ги вложи за успешно водење на телевизија.

Сметаме дека со неговата работа постигна многу успеси кои во иднина треба да се надградуваат. Тој беше целосно вложен и ангажиран за стабилизација пред се, но и развој на телевизијата во изминатата година.

Со својот ангажман придонесе многу.

Му посакуваме успех во понатамошниот професионален живот и остануваме отворени за соработка во иднина.

Исто така, менаџментот на АЛФА СКОП донесе одлука за нов управител да биде именуван Јани Бојаџи, познат македонски режисер и продуцент, за кој се надеваме дека со својот квалитет и професионално искуство ќе постигне големи успеси и натамошен развој на телевизијата„, стои во нивното соопштение.

Фото: Фејсбук/Бојаџи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кирил Петков се заблагодари на Македонија што го откри сторителот на подметнатиот пожар

Редакција

Димитров: Не може да сте европски, а да се мешате во правото на еден народ да каже што е и каков јазик зборува

Редакција

По оставката на Софијанова, разрешен организацискиот директор на Детска клиника, Аљајдин Мемеди

Редакција