еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Рочиштето за „Плацови на Водно“ одложено: Позитивни на Ковид-19 се Мијалков, неколку адвокати и обвинети

Рочиштето за случајот „Плацови на Водно“, денеска не се одржа поради отсуство на обвинетиот Сашо Мијалков.

Одбраната на обвинетиот како што извести судијата Илија Трпков, го информирала судот дека истиот е позитивен на коронавирусот. Позитивни на Ковид-19 според судот се и неколку адвокати на обвинетите.

На денешното рочиште беше предвидено да биде сослушан сведокот Кирил Божиновски. Следното рочиште за овој предмет е закажено за 24 јануари.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението, поранешниот премиер Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот”, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари”, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело”.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството формира Комисија за следење на евентуални изборни нерегуларности​

Редакција

Пратениците на ДУИ и на Алијанса за Албанците и Алтернатива нема да ја поддржат интерпелацијата за Џафери 

Редакција

Притвор за двајца за обидот за убиство на јавен обвинител од Гостиварско

Редакција