еМагазин
Image default
Македонија

Родители преку онлајн петиција бараат далечинска настава

Родители преку онлајн петиција, која досега ја потпишале 2.000 граѓани, бараат учебната година од 1 септември да се одвива со далечинско учење, а ова барање особено се однесува на учениците од прво до петто одделение.

Авторите на петицијата веќе упатиле и официјално барање до институциите за онлајн настава од 1 септември.

Во петицијата се бара да се донесе одлука за далечинко учење за сите ученици, а посебно да бидат опфатени децата од прво до петто одделение, имајќи ја предвид возраста и неможноста за самостојно почитување на здравствените протоколи.

„Понатаму, единствено со онлајн настава ќе се заштитат децата, наставниците, родителите и нивните блиски, вработените, ризичните групи и целата популација. Моделот што имавме можност да го видиме, а вклучува два часа дневен физички престој во училиште, под маски и физичка дистанца, сменска настава, скратена програма и зимски распуст од 180 денови, е модел кој нема да обезбеди здрава средина за развој, социјализација и едукација и не го поништува ризикот од заразување и изложување на ризик на целокупното население“, се вели во петицијата.

Се додава дека со предложениот модел за физичко присуство, дополнително се комлицираат обврските на родителите, а доколку во целиот тој процес бидат вклучени бабите и дедовците (што се чини неминовно), доколку родителите се на работа, се ризикува животот на најранливата категорија граѓани.

Понатаму се бара без исклучок да биде дадена можноста еден од родителите на децата до 10-годишна возраст,  да биде ослободен од работа или да има скратено работно време.

„Децата до оваа возраст не можат самостојно да престојуваат дома, особено кога можноста за целодневна настава е исклучена. Потребата од родител постои и во понудениот модел со скратена настава и сменско работење“, нагласуваат авторите на петицијата.

Тие предлагаат како платформа за изведба на онлајн учењето да биде избрана Microsoft teams или друга соодветна алатка.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комисијата за заразни болести и МОН го одложија состанокот за протоколите за настава во училиштата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Велес еден заболен, а еден оздравен од корона вирусот

Редакција

Груевски се уште не се пријавил во затворот „Скопје“, Судот прави обид за достава

Редакција

Левица: Резултатите од Пописот се фалсификувани и штелувани

Редакција