еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Романија ја стави Македонија на „црвената ковид листа“

Романиja ja ажурираше „црвена листа“ на земји или области со висок епидемиолошки ризик од Ковид-19 и таа стапува во сила на 5 септември, соопшти романската агенција Агерпрес.

Романскиот национален центар за надзор и контрола на заразни болести (ЦНСУ) на црвената листа ја вклучи и Северна Македонија, според највисоката кумулативна стапка на инциденција на „Ковид-19“.

Покрај Северна Македонија, на „црвената листа“ се и Србија, Црна Гора, како и Естонија, Албанија, Тунис, Маурициус, Јамајка, Либан, Палестина, Белизе, Антигва и Барбуда, Суринам и Брунеи.

Шпанија, Лихтенштајн и Мароко влегоа во „жолтата зона“, по падот на бројот на нови случаи на коронавирусот.

Со зголемување на инциденцата, Норвешка, Австрија, Босна и Херцеговина, Луксембург, Виетнам и Обединетите Арапски Емирати се преселија во „жолтата зона“, додека Финска, Малта, Андора влегоа во „зелената зона“.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во пресрет на изборите: Албанското знаме откри рогови во вреќата на Владата

Редакција

„Жикол“ го доби милионскиот тендер на Министерството за транспорт за изградба на водоводи во повеќе населени места

Редакција

Русија регрутирала 280.000 војници во својата армија годинава

Редакција