еМагазин
Image default
Македонија

РСЕ: Во АЕК работат сопругите на Османи и Протуѓер, синот на Бухова, ќерка на уставна судијка…

Радио Слободна Европа (РСЕ) објави дека сопруги, ќерки и синови на сегашни и поранешни функционери, како и поранешна пратеничка се дел од 150-те вработените во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).

Во изминативе четири години бројот на вработени во оваа институција е зголемен за нови 20 лица.

Сопругата на министерот за надворешни Бујар Османи, Валбона Хаџи Османи е вработена во АЕК како советник за меѓународна соработка, потврдуваат за РСЕ од АЕК.

Османи за РСЕ вели дека неговата сопруга е вработена во АЕК пред четири години. Османи во јуни 2017 година е назначен како заменик претседател на Влада задолжен за европски прашања а неговата сопруга е вработена во февруари 2018 година.

Директорот на АЕК е негов сопартиец, Јетон Акику, кој на таа функција беше именуван во декември 2020 година.

Покрај неа на списокот се и сопругите на поранешните генерални секретари на минатата влада Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски, Христина Протоѓер и Кристина Божиновска. Едната како соработник за човечки ресурси, другата како раководител на сектор за регулатива. За нив Антикорупциската комисија ги затвори предметите откако по нивно разгледување во 2019 година утврди дека не е надлежна. Причината беше што во периодот кога се отворени, нивните сопружници повеќе не беа на фунција.

Меѓу нововработените е и Ѓоко Бухов, син на директорката на Државниот здравствен инспекторат, Иринка Сотирова Бухова, како помлад соработник за човечки ресурси. Таа за РСЕ одговори дека нејзиниот син е вработен во АЕК во минатата година, откако конкурирал на оглас. Претходно конкурирал за работа во АД Водостопанство и приватната фирма Лука Мобил, но не бил примен. Од АЕК велат дека неговиот прв договор на определено време од една година бил склучен во април 2021, и годинава е продолжен на уште една година.

Меѓу претходно вработените е и Бојана Стефановска, ќерка на Елена Гошева, која беше претседателка на Уставниот суд во периодот од 2013 до 2016 година, за чие вработување имаше отворен предмет во Антикорупциската комисија во 2019 година, но го затвори затоа што нејзината мајка повеќе не е на функција, пишува РСЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонците во Германија бараат од Европа да ги заштити нивните права, и најавуваат тужба за државата поради пасошите

Редакција

Министерство за здравство: Вакцини против сезонски грип има за сите

Редакција

Основците нема да учат во саботи, ако треба ќе се продолжи учебната година

Редакција